ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА
Lions Quest програматa вештини за адолесценција, претставува сеопфатна позитивна програма за развој и превенција наменета за млади луѓе од 6-то до 8-мо одделение. Програмата ги учи децата за животните и граѓанските вештини за безбедна, грижлива и конзистентна средина.

Да се ангажираат учениците, семејствата, училиштето и членовите на заедницата во креирањето заедница која учи за односи на грижа, високи очекувања за позитивно однесување и значајно учество.

Да се обезбедат можности за младите да ги научат основните вештини потребни за да водат здрав и продуктивен живот. Да се промовира безбеден, здрав пристап кон животот, ослободен од штетноста од алкохолот и друга злоупотребата на дрога.

Да се ангажираат младите луѓе во практиката на добро граѓанство преку соработка и услужност кон другите.

Да се зајакнат заложбите на младите за нивните семејства, позитивни врсници, училишта и заедници.

Вештини за адолесцентија за Југоисточна Европа со цифри
Србија
Обучени се 94 наставници за национално усвоената програма, преку која се опфатени над 1.800 ученици во 30 училишта во белградските општини: Звездара, Нов Белград, Младеновац, Лазаревац, Палилула, Земун.
2Црна Гора
Обучени се 104 наставници за национално усвоената програма, преку која се опфатени над 1.500 ученици во 29 училишта во Подгорица, Никшиќ, Цетиње, Даниловград, Спуж, Улцињ, Бар, Котор, Херцег Нови, Тиват, Будва.

Македонија
Обучени се 95 наставници обучени за национално усвоената програма, преку која се опфатени над 1.200 ученици во 57 училишта во Скопје, Охрид, Велес, Струга, Кавадарци, Тетово, Битола, Куманово.
4Босна и Херцеговина
Обучени се 75 наставници обучени за национално усвоената програма, преку која се опфатени над 1.800 ученици во 27 училишта во Сараево, Биелина, Тузла, Орашје, Оџак, Сребреник, Грачаница, Прозор, Столац, Чапљина.
Хрватска
7700+
Ученици
460+
Наставници
12
Тренери
5
Земји
185
Училишта