Избрана ВЕСТИ

 Годишна регионална дискусија за програмата на УНОДЦ одржана во Белград

Годишна регионална дискусија за програмата на УНОДЦ одржана во Белград

8-9 ноември 2018 година, Белград, Србија: Во соработка со Меѓународната фондација Лајонс Клуб (МФЛК) и со поддршка на Министерството за образование, наука и технолошки развој на Република Србија, УНОДЦ организираше регионална работилница за имплементација на програмата Лајонс Квест „Вештини за адолесцентија“ (ЛКВЗА) со национални професионалци и претставници на Лајонс Клуб од регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ). 

Бројот на наставници во Македонија, образован од УНОДЦ во програмата заснована на животни вештини, надмина 100

Бројот на наставници во Македонија, образован од УНОДЦ во програмата заснована на животни вештини, надмина 100

29 - 31 октомври 2018 година, Скопје, Поранешна Југословенска Република Македонија: Во соработка со Министерството за образование и наука на Поранешната Југословенска Република Македонија, УНОДЦ и Меѓународната Фондација Лајонс Клуб (МФЛК) успешно ја проширија имплементацијата на програмата ‘Лајонс Квест вештини за адолесцентија‘ со вклучување на 10 дополнителни основни училишта, преку организирање на обуки за едукатори во Скопје.

 УНОДЦ ги презентираше резултатите од програмата Лајонс Квест „Вештини за адолесцентија“ на Форумот на Лајонс Европа 2018

УНОДЦ ги презентираше резултатите од програмата Лајонс Квест „Вештини за адолесцентија“ на Форумот на Лајонс Европа 2018

25-27 октомври 2018 година, Скопје, Поранешна Југословенска Република Македонија: Во изминатите 4 години, соработувајќи со Меѓународната Фондација Лајонс Клуб (МФЛК), УНОДЦ ја имплементираше програмата Лајонс Квест „Вештини за адолесцентија“ во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ).

 

УНОДЦ учествуваше на годишниот состанок на Здруженнието за превентивно истражување

УНОДЦ учествуваше на годишниот состанок на Здруженнието за превентивно истражување

29 мај - 1 јуни 2018, Вашингтон, САД: Годишен состанок насловен "Оптимизирање на релевантноста на превентивната наука за системите" на Здружението за превентивно истражување беше организиран оваа година во Вашингтон, каде што многу истражувачи имаа можност да ги презентираат наодите од студиските испитувања за превенција. Следејќи ги задачите и целите на Здружението за превентивно истражување да се промовираат етиолошки и програмски развојни истражувања и висококвалитетна наука за превенција кои ќе влијаат врз политиките за превенција, многу информативни и научно стимулирачки резултати беа презентирани предизвикувајќи интерактивна дискусија во научното друштво.

Влијанието на образовните програми за животни вештини врз превенција на употребата на дрога во Југоисточна Европа презентирано на маргините на 61-вата  сесија на Комисијата за наркотични дроги

Влијанието на образовните програми за животни вештини врз превенција на употребата на дрога во Југоисточна Европа презентирано на маргините на 61-вата сесија на Комисијата за наркотични дроги

14 март 2018, Виена, Австрија: Меѓународната Фондација Лајонс Клуб во соработка со УНОДЦ организираше страничен настан "Влијанието на образовните програми за животни вештини во училиштата врз превенцијата: искуства во Југоисточна Европа и Латинска Америка" на маргините на 61-вата  сесија на Комисијата за наркотични дроги.

Резултатите на УНОДЦ во Југоисточна Европа им се претставени на повеќе од 30.000 луѓе на 100-годишната Конвенција на Лајонс клубовите

Резултатите на УНОДЦ во Југоисточна Европа им се претставени на повеќе од 30.000 луѓе на 100-годишната Конвенција на Лајонс клубовите

1-4 јули 2017 година, Чикаго, САД: Резултатите од партнерството на УНОДЦ и МФЛК во рамките на глобалната програма за превенција и нејзиното значително влијание во спречувањето на употребата на супстанци, како што е документирано преку клиничките испитувања во Југоисточна Европа, беа презентирани на 100-годишната Конвенција на Лајонс Клубовите. Настанот претставуваше важна научна и политичка можност да се истакнат напорите на УНОДЦ во областа на спречувањето на злоупотребата на дрога, како и одличната соработка со владите во Југоисточна Европа.